Трамп тврди дека ниту тој, ниту Маск не се одговорни за губењето на пристапот до Старлинк во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту тој ниту Илон Маск не се одговорни за губењето на пристапот до Старлинк од страна на Украина, што влијае на нејзините воени операции против Русија.

Намалувањето на услугите што ги обезбедува таа сателитска компанија ја прекина комуникацијата со командата и предизвика пад на брзината на интернетот.

Западни медиуми вчера објавија дека Белата куќа го одобрила намалувањето на услугите на Старшилд.

Никакви ограничувања за пристапот на Украина до системот Старшилд не се наметнати од САД, додаде Трамп.

СпејсИкс го разви Старшилд специјално за владини корисници и системот за национална безбедност, особено за Министерството за одбрана на САД. Старшилд ја користи сателитската констелација Старлинк како своја основа.

Трамп, исто така, рече дека има добри односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Back to top button
Close