Пациентка со рак бара помош: „Нема хемотерапија на Онкологија, лековите ги купувам од други држави“

Повторно недостиг на хемотерапија во државната Клиника за онкологија. Овој пат јавноста е потресена од апелот на 46-годишната Данјела Јакимовска, пациентка со рак, која вели дека е принудена лековите да ги купува од други држави за да ја продолжи борбата за живот.

Апел за помош. Драги добри луѓе, имам многу да кажам, а не ми излегува ниту еден збор од душата. Во тешка ситуација сум, потребна ми е финансиска помош. Не барам милостина, барам шанса за живот. На мои 46 години се разболев од рак на дојка. Поминав сите тие хемотерапии и баш кога помислив дека се спасив, за неполна година ракот се врати во многу поагресивна форма како метастази на црн дроб“, напишала таа во својот јавен апел.

Јакимовска вели дека последната година е постојано на хемотерапија, но дека лекови на Онкологија веќе нема и таа е принудена да ги купува од странство.

„Скоро сите испитувања ги правам надвор од Паланка, дел и приватно. Хемо нема на Онкологија, купувам од други држави, реагенси за тумор маркери нема, и тоа го правам приватно, а уште многу други давачки… Моето семејство веќе не е финансиски моќно да го издржи овој товар. А како да се откажам од желбата за живот“, пишува таа.

Апелот на пациентката повторно го отвора прашањето за хроничниот недостиг на лекови и терапии на Клиниката за онкологија, проблем кој директно ги загрозува животите на пациентите и ги принудува да бараат спас надвор од јавниот здравствен систем.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close