Левица бара привремена мерка од судовите за АВМУ и ДИК

– Ако останат слепи и глуви на овој досега невиден скандал во плуралистичка Македонија, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – Стразбур, напиша Апасиев на Фејсбук

Правниот тим на партијата Левица поднесе предлог за изрекување на привремена мерка против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК).

Димитар Апасиев најавува битка до Стразбур, доколку македонските судски инстанци не реагираат.

„Нашиот правен тим поднесе Предлог за изрекување привремена мерка до Основниот граѓански суд – Скопје против АВМУ и ДИК! На потег се домашните судски инстанци да ја спречат политичката дискриминација која и се врши на Левица“, се вели во соопштението.

Тие укажуваат дека, ако македонските надлежни органи не реагираат ќе ја бараат правдата во Стразбур.

„Ако останат слепи и глуви на овој досега невиден скандал во плуралистичка Македонија, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – Стразбур”, напиша на Фејсбук, Димитар Апасиев.

Сето ова доаѓа откако на Левица не и се дозволија средства од државниот буџет како парламентарна партија за маркетинг пред локалните избори.

Back to top button
Close