Опожарени делови од четири станови – МВР со детали за пожарот во Неготино
Полицијата со детали за пожарот кој вчера изби во центарот на Неготино.
– На 26.09.2025 во 23:05 часот во ОВР Неготино е пријавено дека настанал пожар пред објект на правно лице во зграда на улица „Јане Сандански“ во Неготино, кој се проширил, делумно го зафатил објектот, а биле опожарени и надворешни делови од четири станови во зградата, соопштија од полицијата.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Неготино.
Увид на местото изврши увидна екипа од ОВР Неготино.