Флик: Педри и де Јонг се фантастични
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик ги пофали играчите од средниот ред Педри и Френки де Јонг.
– Тие се исклучителни играчи за нашиот тим и имаат многу добра поврзаност. Знаат како сакаат да играат и се познаваат меѓусебно. Фантастични се. Потешко е да се изврши притисок врз нас со ова дуо на тернот, а тоа ни дава повеќе посед на топката, создава повеќе простор и тоа е најважното нешто. Многу сум горд на мојот тим, изјави за „Марка“ германскиот тренер.
Дваесет и двегодишниот Педри постигна еден гол на осум натпревари во сезоната 2025/26, додека 28-годишниот Де Јонг имаше една асистенција на шест натпревари.
Следен натпревар на Барселона е против ПСЖ на 1 октомври во Лигата на шампионите.