Меџити: Со говорот во „Борис Трајковски“, Али Ахмети го заврши својот политички пат

Првиот вицепремиер и кандидат на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, реагираше по вчерашниот митинг на ДУИ, оценувајќи дека овој настан го означува крајот на политичката кариера на лидерот на интегративците, Али Ахмети.

Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив – знак на слабеење на позициите на ДУИ.
„Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера“ изјави тој.

Според него, јавниот настап на Ахмети и неговите најблиски соработници е доказ за партија која се обидува да го задржи влијанието, но веќе нема поддршка како порано.

Меџити истакна дека преку овие настапи граѓаните сами ќе ја препознаат разликата меѓу „старото“ и „новото“ во политиката.

Back to top button
Close