Пешиќ заминува од селекторската функција на Србија

Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) официјално преку соопштение му се заблагодари на селекторот Светислав Пешиќ за соработката откако денеска му е последниот ден од договорот.

Денеска завршува едно големо поглавје во српската кошарка. Договорот на КСС со нашиот трофеен тренер Светислав Пешиќ истече денеска, со што заврши неговата мисија на клупата на репрезентацијата и се стави крај на еден исклучително важен период во историјата на репрезентацијата. КСС изразува благодарност до тренерската легенда, се вели во соопштението.

Пешиќ го врати симболот на репрезентацијата притоа создавајќи силна репрезентација, иако на последниот Евробаскет Србија беше елиминирана во осминафиналето. Но, златниот медал од Европското првенство 2001 година, како и светското злато од Индијанаполис се моменти за паметење на српската кошарка.

Душан Алимпијевиќ, актуелен тренер на турскиот тим Бешикташ е новиот селектор на Србија.

Back to top button
Close