АМСМ: Камион излета од патот Деве Баир-Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
На патот, како што информира Авто-мото сојузот на Македонија, има расфрлани метални предмети што ги превезувал камионот
Камион попладнево излетал од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, поради што сообраќајот од 17:10 часот беше во прекин за сите возила во двата правца.
На патот, како што информира Авто-мото сојузот на Македонија, има расфрлани метални предмети што ги превезувал камионот.
Инаку, во последната ажурирана информација од АМСМ се вели дека од 18:45 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива по една коловозна лента.
Според АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
С