Променливо облачно време со дожд, од понеделник заладување и снег на планините
Во утринските и претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно, при што повремен дожд се очекува претежно во западните и североисточните делови од земјава. Во текот на денот облачноста ќе се намали, па ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен, со брзина над 60 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 15 до 22 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во наредниот период ќе се задржи променливо облачно време, со постепено опаѓање на температурите. Врнежи од дожд се очекуваат во недела и понеделник.
Поради продорот на постуден воздух од север, во понеделник попладне на планините дождот ќе преминува во снег.
Од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, но ќе преовладува постудено време.






