ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА „БЕКО“ ГИ ОСТАВИ СTAНАРИТЕ ОД СОСЕДНИТЕ ВЛЕЗОВИ БЕЗ ПАРНО ПОРАДИ ДОЛГ!

Ова не е грешка. Ова е негрижа и врвен доказ за тоа како државните институции, под водство на актуелната власт, ги третираат своите граѓани. Додека надвор владеат ниски температури, блок број 7 во комплексот Градски ѕид е целосно исклучени од градското парно греење. Причината? Полициската станица „Беко“ – институција која треба да штити, а не да загрозува – не си ги платила сметките за парно подолг временски период!
Револтот на граѓаните е огромен и целосно оправдан, за што сведочат и пораките од нивната комуникација:
„Почитувани соседи, Во влез 4 или 5, влезот што е до полициска станица Беко, добиле информација…“
„…дека полициска станица Беко ги нема подмирено сметките за парно веќе подолг временски период и поради тоа го исклучиле цел блок.“
Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, дали ова е сликата на ефикасно и одговорно МВР? Вашата институција е олицетворение на државниот ред, а истовремено е хроничен неплаќач и извор на хаос за недолжни граѓани.
Како е можно да немате финансиска дисциплина да подмирите основни обврски, додека истовремено им наплаќате казни на граѓаните за секој најмал прекршок? Додека вашите полицајци и вработени се греат во станицата (која, очигледно, е на сметка на долговите), цели семејства – со деца, стари лица и болни – се смрзнуваат поради вашата неспособност.
Ова не е само долг кон топланата, ова е морален долг кон граѓаните кои ви плаќаат плати за да работите одговорно. Овој инцидент е директен показател за несовесно работење во вашиот ресор.
Претседателе на Владата, Христијан Мицкоски, целата извршна власт е под ваша директна одговорност. Вие и вашиот кабинет сте одговорни за финансискиот надзор на секое министерство. Со каква леснотија дозволувате витална државна институција како МВР да создаде долг кој директно ги загрозува животите и здравјето на скопјани?
Бараме итна реакција!
Бараме Министерството за внатрешни работи веднаш, без одлагање, да го подмири целиот долг и да обезбеди моментално вклучување на парното греење во блок 7 на Градски ѕид.
Граѓаните на Градски ѕид не се виновни за вашата неспособност! Министре Тошковски и премиере Мицкоски, покажете дека знаете што значи одговорност и ставете ги потребите на граѓаните пред вашите бирократски пропусти!
извор револуционер мк