Бујар Османи: Чаир добива две нови градинки и подобри услови за секое дете

По повод 5 октомври – Меѓународниот ден за образование, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, одржа тематска прес-конфереција посветена на образованието.

Како главен проблем за алармантната состојба со образованието во Чаир, Османи ги посочи капацитетите кои се ограничени и во многу лоша состојба, особено за децата од предучилишна возраст.

„Во Чаир недостасуваат градинки. Градинките се преоптоварени, родителите сами купуваат основни работи за предучилишниот процес. Училиштата имаат блокирани сметки, се позајмуваат средства од едно во друго училиште, а тоалетите се во трагична состојба. Ова не можеме да го дозволиме”, рече Османи.

Во рамките на својата програма, Османи најави изградба на две нови градинки со највисоки стандарди, изработени од тимот на светски реномираниот архитект, Мишел Ројкинд.

„Планираме две големи градинки, ‘Снежана’ и ‘Росица’, со најсовремени услови. Имам кредибилитет д зборувам за ова, затоа што веќе го реализиравме проектот за изградба на градинката ‘Бамби’, кој го одобрив како вице-премиер. Токму како што ја направивме ‘Бамби’, ќе ги изградиме и овие две нови градинки, и ќе ги реновираме сите постојни”, изјави Османи.

Тој додаде и лична порака за важноста од овозможување на добри услови во градинки, која ја сподели како родител.

„Имам мало дете кое оди во градинка и не можам да дозволам во една постела да лежат две или три деца. Не можам да дозволам ваков стандард за нашите деца”, потенцираше Османи.

Османи порача дека образованието е основата на достоинството и иднината на секое општество, а наставниците се неговите вистински херои.

„Денес сме тука за да изразиме благодарност и признание кон сите наставнички и наставници кои ги носат на своите рамена новите генерации. Тие го чувствуваат товарот поради недостиг на основни услови за образование. А нема поголем приоритет за едно општество, за еден народ, за една држава, за една општина, отколку квалитетно образование”, изјави Османи.

Османи истакна дека времето за промена започнува сега, со визија заснована на реални проблеми и конкретни решенија.

„Можеме да ги одложуваме некои проекти, но никогаш не можеме да им ги вратиме изгубените години на едно дете. Затоа го започнавме ова движење на надеж, достоинство и промена во Чаир. Образованието ќе биде наш број еден приоритет”, рече Османи.

По завршувањето на прес-конференцијата Османи заедно со група наставници и наставнички, одржаа марш на промена и надеж, упатувајќи порака дека квалитетното образование

Back to top button
Close