(ВИДЕО) Димитриевски: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство

Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа.

Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Оставена е да скапува.Христијан Мицковски наместо да тера лажна кампања во земјоделството да ги повика производителите на индустриската пиперката заедно со преработувачите да седнат и да договорат динамика на откуп и дополнителна финансиска поддршка за произведена и предадена ајварка во индустриските капацитети.

Ова е една од најтешките години во земјоделството а ниту ВМРО ДПМНЕ ниту Трипуновски имаат капацитет да се справат, да разговара со земјоделците и да го одржи земјоделското производство, затоа наредната година ќе биде со рекордно најниско земјоделско производство.

Лоша организација на откуп и финансиска поддршка кон сите стратешки извозно ориентирани култури.

Токму најзастапените извозно ориентирани земјоделски култури се откупуваа и се откупуваат по далеку пониски цени од мината година.

На земјоделците не им се потребни лаги туку реални политики, власта веднаш да преземе мерки.

Back to top button
Close