Пенкова до опозицијата: Наместо критики, да работиме заедно за националните интереси
„Бугарија постигна огромен успех откако Советот на Европа одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со нашата земја 27 години подоцна. Овој значаен напредок во зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото не е резултат на една реформа, туку на сеопфатна политика во оваа насока“. Ова го изјавила бугарската европратеничка и меѓународна секретарка на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Цветелина Пенкова за бугарските медиуми. Според неа, „посебниот режим“ наметнат од ЕК и Советот на Европа повеќе не е во сила, но ова, од друга страна, ѝ овозможува на , какао што вели, нашата земја да стане дел од општото следење на владеењето на правото, во кое учествуваат сите земји од ЕУ.
Во врска со критиките на бугарската опозиција за одлуката на ПССЕ, Пенкова коментираше дека „кога зборуваме за заеднички национални интереси, мора да работиме заедно за зајакнување на институциите и да не го игнорираме признанието однадвор за реформите што се направени“.
– Advertisements –
„Клучен проблем на владеењето на правото е кршењето на правата на граѓаните, поради што на мојата средба со европскиот комесар за човекови права Мајкл О’Флаерти во четврток, заедно со вицепремиерот и претседател на Националното собрание на БСП, Атанас Зафиров, разговаравме за правата на бугарските граѓани во Северна Македонија и, пред сè, за потребата тие да бидат вклучени во Уставот“, рече таа.
„Во ноември се очекува ЕК да го објави првиот предлог за регулатива за создавање единствена европска мрежа за пренос на енергија, која има за цел да создаде конкурентност на енергетскиот пазар и да ги изедначи сметките за електрична енергија во рамките на Европа“, истакнала Пенкова.
„На претстојниот Конгрес на Партијата на европските социјалисти, делегацијата на БСП ќе го стави на дневен ред враќањето на социјалистичките и левичарските партии кон спроведувањето на нивните главни цели – правата на работниците и нивната пристојна плата“, заклучила Пенкова