Тешка несреќа во Скопје: Автомобил удри во две малолетнички – итно пренесени во болница

Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Товарник“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(76) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години, двете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close