(ВИДЕО) Пукна водоводна цевка во Влае, вода снемува во повеќе скопски општини
Една од главните водоводни цевки вечерва пукна во населбата Влае. Порталот „24news.mk“, објави видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а како што јавува порталот, водата навлегува во дворови и во подруми од куќи.
Во меѓувреме, жители јавуваат дека нема вода во Хром, Ѓорче, Влае, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително е намален притисокот.
Во моментов нема официјална информација за големината на дефектот, ниту за колку време би бил саниран.