Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување

Министерство за образование и наука од почетокот на новата учебна година, во соработка со Министерството за здравство и НВО САНО – Здружение за поддршка на децата заболени од канцер, воведе формално образование во здравствените установи и во домашни услови, односно секој ученик кој е хоспитализиран или е на лекување во домашни услови подолго од три недели, може од далечина да ја следи наставата во своето одделение или, пак, наставникот со него да организира индивидуална настава.

-Системска мерка која во минатото не постоеше, сега е уредена во закон и со подзаконски акти. Ниту еден ученик нема, ниту смее да биде лишен од образование само затоа што се лекува. Здравствената состојба не значи изолираност, прекин на образованието или заборавеност, туку напротив, болеста е предизвик, а општеството е обврзано да им даде поддршка и надеж. Со инвестирање во нивното знаење, инвестираме во една поправедна, поемпатична и посилна иднина, информира МОН.

Пред почетокот на учебната година, на промовирањето на проектот, министерката Весна Јаневска изјави дека досега кон овие дечиња биле направени сериозен пропуст и дискриминација, а дека со ова системско решение „се покажува дека не станува збор за нерешлив проблем“.

Министерството во соопштението денеска упатува благодарност до наставниците кои се вклучени во реализација на наставата за овие ученици, за нивната пожртвуваност и посветеност, како и благодарност до родителите/старателите на учениците за поддршката и активното учество во успешното спроведување на овој проце

Back to top button
Close