Метомил, супстанца штетна за луѓето, е откриена во пиперки од Северна Македонија

– Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF).

Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени во Хрватска од Северна Македонија, по официјалната контрола на пазарот, гореспоменатата штетна супстанца е пронајдена на ниво од 0,049 милиграми метомил на килограм.

Дозволената содржина е 0,01 милиграми метомил на килограм, па бидејќи количината пронајдена во споменатите производи била пет пати поголема од таа, наредено е повлекување од пазарот на Европската Унија. Пазарната инспекција е спроведена на 23 септември, а официјалното известување е објавено на 3 октомври. Метомилот е инсектицид од типот карбамат кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето и животните.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close