(Фото) Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја

Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја, кој вчера го застрела во судницата, а според наводите на медиумите во Албанија, 30-годишниот Шкамби му пукал директно во срцето.

Албанските медиуми, според првичните информации, пишуваат дека Шкамби не бил запрен од обезбедувањето на влезот во судот и вооружен влегол во судница.

По објавување на пресудата, која според сторителот била во корист на другата страна, убиецот го извадил пиштолот и пукал директно во судијата.

Веднаш потоа, тој испукал куршуми и кон Ракип и Елвис Куртај, татко и син, кои пред судот ја застапувале другата страна. Двајцата се здобиле со повреди и се во болница, но се надвор од животна опасност.

Back to top button
Close