Адеми: Политичката асимилација на Албанците нема да помине

„Денешната влада не е производ на демократски процес, туку резултат на таен и антидемократски договор, склучен во 2022 година меѓу македонските политички лидери, под диригенција на олигарсите кои ја контролираат македонската политика и самата економија на државата. Овој договор имаше една единствена цел: дефакторизација и политичка асимилација на Албанците, претворајќи ги од државотворен фактор во симболична фигура внатре во институциите. Овој мрачен проект имаше за цел да ја поништи реалната политичка моќ на Албанците, да ја обесмисли албанската гласачка волја и да го негира легитимитетот на нивното политичко претставување“ рече денеска на прес-конференција потпретседателот на ДУИ – Арбр Адеми.

Вели дека „и по парламентарните избори, овој план се претвори во пракса: откако албанскиот народ јасно проговори преку гласачките кутии, лидерот на ВМРО избра да го погази тој глас, внесувајќи во владата политички губитници од албанскиот блок – оние што не добија легитимитет од народот. Тоа беше отворен чин на негирање на демократијата и еднаквоста, јасна и понижувачка порака до секој Албанец: „Вашиот глас не вреди. Вашиот збор не се слуша. За вашата судбина одлучуваат други, не вие.“

„Тоа не е демократија, тоа е мајоризација. Тоа е кршење на духот и буквата на Охридскиот мировен договор, документот кој ја гарантира функционалната мултиетничка демократија и еднаквата одговорност меѓу сите заедници, особено меѓу Албанците и Македонците – како двете столбови на оваа држава. Секое отстапување од овој концепт ги поткопува темелите на државата и го загрозува меѓуетничкиот соживот. Во изминатите 16 месеци, оваа влада се покажа како лабораторија на политичката асимилација“ смета Адеми.

Порачува „дури и таму каде што Албанците формално имаат позиции, тие се без реална политичка моќ. Тоа не е претставеност – тоа е институционално понижување“.

„Тоа е политичка асимилација, процес насочен кон одземање на државотворниот статус на Албанците и нивно сведување на декоративна улога во владата. Но овој план, колку и да е таен и добро испланиран, е осуден на неуспех. Зашто Албанците повеќе не се набљудувачи на сопствената судбина. Тие ја препознаа старата игра на Белград, облечена со костум од Скопје“ дециден е Адеми.

Back to top button
Close