Пукање пред Општина Куманово, ранет кандидат за советник, полицајци со панцири ја блокираа општината
Престрелка попладнево се случила пред зградата на Општина Куманово, а според неофицијални информации ранет е кандидат за советник во Општина Липково.
Според информации од очевидци за порталот кумановски муабети напаѓачот избегал, иако огромен број полициски слубженици веднаш излегле од зградата на кумановската полиција која се наоѓа на неколку метри од локацијата.

МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.
– Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.
фото кумановски муабети