Починатиот Панчо Минов бил носител на листа за локалните избори 2025 – Се чекаат насоки од ДИК за гласачкото ливче

Во Општинската изборна комисија Кавадарци чекаат насоки од ДИК како да постапат, зашто ова е првпат да се соочат со смртен случај на носител на листа пред изборите.

Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.

– Утрово добивме потврдена информација. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија. Има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа. Мислам дека сѐ уште не се отпечатени ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме – рече Емилија Петровска, претседател на ОИК.

Минов е роден на 21 август 1958 година во Кавадарци

Back to top button
Close