Автомобил удри во пешак и неговото куче, човекот тешко повреден, миленикот усмртен

Четириесет и петгодишен пешак од Битола се бори за живот со тешки телесни повреди откако вчеравечер во него и во неговото куче удрил автомобил на крстосница во градот. Кучето било усмртено на лице место.

Несреќата била пријавена вчера во 18:26 часот на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Север Југ“. Патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (49) од Битола, налетало на пешакот Ѓ.Х. (45) и неговиот миленик.

Пешакот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидна екипа од СВР Битола извршила увид на местото на несреќата за да ги утврди причините кои довеле до неа.

Back to top button
Close