Доктор Шаини по нападот: Немојте да ја политизирате случката, немам политичко непријателство со никого

Доктор Зекерија Шаини, кој беше застрелан вчера во една од фреквентните зони на градот Куманово, е пуштен од болница и сега се наоѓа на домашно лекување.

 

Тој беше хоспитализиран на одделот за Пластична хирургија во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

По отпуштањето од болница, Шаини првпат реагираше во врска со настанот, оценувајќи го како обид за убиство и кукавички напад од маскирани лица. Тој побара случајот да не се политизира и да не се поврзува со каков било политички судир, нагласувајќи дека нема непријателство со никого.

„Вчера бев нападнат на кукавички начин од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непеијателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Сме во изборна кампања, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо“, изјави Шаини за Алмакос.

Back to top button
Close