СДСМ: До евтините пратки и дојде на власта, ДПМНЕ пак удри по џебот на граѓаните

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра!, се вели во соопштението од СДСМ.

Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта?

 

Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително.

 

Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто?

 

Зошто се удира по џебот на граѓаните и се ускратува можностада купуваат поевтино онлај?

 

Или Мицкоски до толку е седнат во скутот на олигарсите па удира по народот за да им обезбеди профити по секоја цена?

Уште еднаш се потврдува дека за Мицкоски и ДПМНЕ профитот на неколкумина моќници и олигарси е поважен од стандардот на народот.

Ова е уште еден удар врз граѓаните во време кога цените растат, платите мируваат, а економијата е во пад.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претвора Македонија во земја каде што богатите стануваат побогати, а обичниот човек плаќа за нивниот луксуз додека не може да врзе крај со крај.

 

Back to top button
Close