Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за мир, Трамп со најголеми шанси според обложувалниците
Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2025 година ќе биде објавен денеска во 11 часот во Норвешка.
Во центарот на вниманието на светските медиуми е желбата на американскиот претседател Доналд Трамп тој да биде добитник на оваа награда.
Според извештаите, Трамп отворено зборувал за својата желба за наградата, која ја добиле четворица негови претходници – Барак Обама во 2009 година, Џими Картер во 2002 година, Вудро Вилсон во 1919 година и Теодор Рузвелт во 1906 година.
Сите освен Картер ја добиле наградата додека биле на функција, а Обама бил прогласен за лауреат помалку од осум месеци по преземањето на функцијата – истата позиција што ја држи Трамп во моментов.
Во овој момент, Русија би ја поддржала номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Мислам дека сега би го поддржале тоа, доколку нè прашаат“, му рече Ушаков на новинарот на весникот „Лајф“ Александар Јунашев како одговор на прашање за тоа.
Во септември, камбоџанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Прак Сохон објави од Генералното собрание на ОН дека неговата земја го номинирала Трамп за Нобелова награда за мир за постигнување прекин на огнот во граничниот конфликт со Тајланд.
Според светските обложувалници , Трамп има најголеми шанси да ја добие таа награда – коефициентот за него е 2,1 (47,6 % шанси).
Следуваат:
Sudans Emergency Response Rooms коеф – 2.3
Yulia Navalnaya коеф 4,0
Antonio Guterres коеф 10
Doctors Without Borders коеф 12
NATO кое фициент 13 (7,7 % шанси)