Д-р Трајановски: Да ги оставиме партиските интереси, локалната самоуправа мора да работи за граѓаните, да го излечиме Аеродром
Јас сум лекар, лечам, тоа е мојата срж.
Tоа е мојата цел и како кандидат за градоначалник, да Општината биде чиста и средена, тоа беше мојот прв порив да се кандидирам за градоначалник, истакна кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Д-р. Александар Трајановски, во гостување во утринската програма на Сител телевизија.
„Во оваа општина живеам 44 години, ја памтам убаво, какви беа тревниците, колку беше чисто, како изгледаше маалскиот живот… Прво, темелно да ја исчистиме Општината, со сите со кои разговарав најголема замерка беше чистотата. Мораме да ги зајакнеме капацитетите на комуналното претпријатие, за да доколку се најдеме во ситуација како сегашната лоша комуникација со Градот Скопје, да можеме да придонесеме општината да изгледа како што изгледала некогаш.
Мислам дека е редно време да имаме комуникација и со Град Скопје, да се бараат решенија, не е важно кој од која партија е, да ги оставиме зад нас тие партиски интереси, локалната самоуправа треба да работи за граѓаните, вели Трајановски.