Газда на фабрика во Кавадарци не ја пушти да влезе адвокатката која застапува фамилија на загинат работник од Кина
Ристова најави темелна истрага за случајот и порача дека нема да дозволи тој да биде заташкан.
Адвокатката истакна дека медиумите „случајно или намерно“ не ја објавиле фирмата каде што почина 38-годишниот работник од Кина.
Таа тврди дека сопственикот, кој го нарече „локален шериф“, го ангажирал работникот, иако не му бил регулиран престојот и работниот однос.
Адвокатката Ристова ја искористи јавноста да му порача на Гечев дека нема да подлегне на притисоци.
„Јас сум адвокатка која својата работа ја темели на закон, на вистина и на правда. Не се плашам од титули, ‘моќници’, ниту ме засега кој од која политичка партија е. Јас сум адвокатка која ќе се погрижи институциите да ја завршат својата работа – законски, транспарентно и до крај. Ќе се отвори секој документ, ќе се разгледа секој доказ, и ќе се чуе гласот на оние кои немаат можност сами да се бранат“ нагласи Ристова.
Таа додаде дека навредите не ја допираат, туку ја мотивираат повеќе.