(ВИДЕО) Шаини: Да беше жена ми со која имам две деца таа што сакаше да ме убие, никогаш немаше да живеам со неа

Три дена откако го погодија со три куршуми, докторот на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини, денеска пред новинарите се заблагодари на сите што биле со него во овие моменти.

Зекирија Шаини, носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково / Фото: „360 степени

Ги отфрли тврдењата дека зад обидот за убиство стои неговата жена.

„Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили. Затоа итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а особено имиџот на госпоѓата Аријета Адили. Овој случај за жал се преставува со јасна намера за моја дискредитација и на моете семејство како и создавање збунетност и заблуда во јавноста, изјави Шаини.

https://www.instagram.com/p/DPoHKGSAblc/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Тој исто така побара истражните органи да го откријат вистинскиот осмоничен за инцидентот, а случајот да не го преставуват како сеемен спор, бидејќи ако би било така како што беше претставен, Шаини вели дека никогаш не би живеел со својата сопруга со која има две деца.

„Овој случај, за жал, се претставува со јасни намери да ме дискредитира мене и моето семејство и да создаде конфузија во јавнотоста. Ги молам органите за спроведување на законот и истражните органи да се справат со откривањето на вистинскиот осомничен во случајот и да не го претставуваат овој случај како спор или семеен спор, бидејќи ако беше така како што беше претставен на пошироката јавност, тогаш никогаш немаше да живеам со дотичната дама. Фала му на Бога, госпоѓата и моите две ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчани“,рече Шахини.

До политичарите апелираше да не го злоупотребуваат случајот за политички поени во време на предизборна кампања.

„Уште еднаш ги молам органите на прогонот да се справат со откривањето на вистинскиот сторител на овој атентат, ставајќи ја мојата соработка на располагање секогаш кога ќе се појави потреба за разјаснување на овој случај, бидејќи самиот сум лично заинтересиран ова прашање што поскоро да добие епилог и вистината да излезе на виделина. Исто така, апелирам до политичарите кои брзаат да го претстават овој случај пред надлежните органи како семеен спор, не само мојот случај, туку сите такви случаи, да не го гледаат во светлината на добивање политички поени во овој момент од предизборната кампања по повод локалните избори“,додаде Шахини.

Извор 360 мк

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close