ФОТО: Грубо кршење на изборните правила во Општина Аеродром

ОУ „Браќа Миладиновци“ – Аеродром, на свој официјален фејсбул профил, споделило видеа поврзани со кампањата на Дејан Митески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината.

Се работи за директен судир со изборните правила за институционална неутралност и забрана на политичка пропаганда во јавни установи, особено во образовни институции.

Правниците за изборно право потсетуваат дека јавните институции и нивните службени канали не смеат да се користат за промоција на кандидати, листи или партии за време на изборен период. Во спротивно, можни се мерки од Државната изборна комисија, Државниот просветен инспекторат и надлежните инспекции, вклучително и налози за отстранување на содржината и прекршочни постапки.

По бурните реакции од јавноста видеото беше отстрането, но сепак интернет памти, а доказите треба да ги разгледа ДИК и навремено да реагира.

Back to top button
Close