Илјадници луѓе на последното испраќање на боксерот Хатон

Поранешниот светски првак во тешка категорија, Тајсон Фјури, и пејачот на групата „Оејзис“, Лиам Галагер, беа меѓу илјадниците ожалостени кои присуствуваа на последното испраќање на боксерот Рики Хатон, една од најомилените спортски личности во Манчестер.
Поранешниот светски шампион во полусредна и полусредна категорија, со прекар „Хитмен“, беше пронајден мртов во својот дом на 14 септември на 46-годишна возраст.


Илјадници луѓе ги исполнија улиците во Манчестер, многумина мавтајќи со знамиња на Манчестер Сити и скандирајќи „Постои само еден Рики Хатон!“.
Телото на Хатон беше положено во небесно син ковчег со врежан натпис „Сина месечина (Blue moon), како знак, воедно, и за неговата љубов кон премиерлигашот Манчестер Сити, чијшто беше страстен поддржувач.
Хатон ги освои светските титули во полусредна категорија на верзиите WBA, IBO и IBF и беше шампион во верзијата WBA во полусредна категорија за време на неговата 15-годишна професионална кариера пред да се пензионира во 2012 година.ег

Back to top button
Close