(Видео) Гори депонија помеѓу Скопје и Куманово
Пожар денеска зафати депонија помеѓу Скопје и Куманово. Случајот го потврди и Стојанче Ангелов, директорот на Дирекција за заштита и спасување,
Северна Македонија нема ефикасeн систем за управување со отпад, ниту бележи прогрес во оваа насока и покрај континуираната поддршка што ја добива од странските партнери. Доколку земјата не преземе итни мерки, ризикува натамошно зголемување на загадувањето и здравствените проблеми, што ќе создаде уште поголеми финансиски и еколошки трошоци во иднина.
Во меѓувреме Кривичниот суд Скопје ги изрече пресудите за тројцата обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште.
Тројцата обвинети ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и при природата со отпад“, а Судот одлучи да ги казни со максималната законски предвидена казна.