Бујар Османи најавува итни мерки во првите 100 дена: Чистење на Чаир, борба против корупцијата и решение за дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи најави конкретни и итни мерки кои ќе ги преземе веднаш по преземањето на функцијата.

Најави масовно чистење на општината, формирање механизам за бескомпромисна борба против корупцијата и итно решавање на сите предмети и барања за легализации на објекти од граѓаните, се наведува во соопштението на Бујар Османи.

„Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму“, рече Османи, додавајќи дека тоа е најлесната, но најважната работа која им го отежнува животот на луѓето.

Османи јасно го дефинираше и вториот критичен приоритет, а тоа е борбата со корупцијата.

„Ако во првите сто дена не ја сведам корупцијата на нула во Чаир, нема да продолжам понатаму“, истакна Османи.

Во однос на дивоградбите и на правната несигурност што ја чувствуваат граѓаните, Османи најави итни активности за справување со овој проблем и заштита на граѓаните кои биле измамени при купување станови.

„Ако во првите шест месеци се појави некоја папка за легализација во фиока за да се уценуваат луѓето кога ќе дојдат избори, нема да продолжам понатаму. Ќе ги решиме сите документи и барања за легализација, затоа што само така се работи“, потенцираше изјави Османи.

Тој ја стави својата лична одговорност и досегашните резултати како гаранција за исполнување на ветувањата.

„Во секоја задача што сум ја имал, дури и најтешките, сум излегол со резултати. Затоа што, ако продолжиме вака, нема да има повеќе надеж. Луѓето ќе ја изгубат надежта, една група ќе продолжи да се богати на ваш грб, како што тоа го прави дваесет години, а нашите деца ќе ја бараат првата можност да го напуштат Чаирот. Ова мора да го запреме заедно“, нагласи Османи.

Back to top button
Close