(ВИДЕО) Цензурираниот спот на Левица: Гласај или трпи – трета опција нема

„Сè е мувлосано! Едно здраво ткиво не оставија. Насекаде околу нас б’зди вмроидната грубост и примитивизам. Нечисто е и смрди.

 

Во становите од 2.500 евра-квадрат воздухот труе на топена пластика. Канцерот ни е гратис од власта“, велат од Левица во нивниот последен цензуриран спот пред претстојните избори.

„Ама ова не е сè. Сакаат да ги приватизираат и депониите, и паркинзите, и водоводот, и комуналната хигиена, и брзата помош… Сакаат да плаќаш за секоја јавна услуга. И ќе плаќаш, ако ги гласаш! СЕГА имаш реална шанса да гласаш за нешто автентнично. Утре ќе биде касно“, посочуваат од Левица и додаваат

„Не оставај пак корумпираните да си поиграат со твојата судбина“.

Back to top button
Close