Разрешениот др. Кузмановски заради скандалот со кокаинот директорувал на клиниката за неврологија без лиценца. Му била истечена
Поднесеното барање од доктор Кузмановски за продолжување на неговата лиценца е во процедура, изјави тој самиот за „Слободен печат“. Прашањата што му ги упативме се дали е точно дека лиценцата му истекла на 15 март 2025 и дека минатата недела побарал нејзино продолжување во Лекарската комора, дали работел како специјалист по неврологија во меѓупериодот без лиценца и зошто не ја продолжил на време. Прашавме и дали има законска можност избрано и именувано лице какво што Кузмановски беше до петокот, да не ја продолжи лиценцата во времето додека е директор.
-Поднесов за продолжување, во процедура е. На невролошки конгрес сум во Охрид во организационен одбор. Ве молам во овој тежок период за мене да ме поштедите, срце и душа давам за работата – им напишал во смс порака на слободен печат докторот кој минатата недела по видеото на социјалните мрежи како шмрка кокаин веднаш беше разрешен од функцијата директор на клиниката за Неврологија на која бил поставен во август годинава како кадар на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
Целиот текст на слободен печат.мк