(ВИДЕО) Инсталирал камера на гробот на синот за да дознае кој го краде цвеќето 

Ожалостен штипјанец на гробот на својот син инсталирал камера за да види кој во претходните 4 години секојдневно ги краде свежо поставените цвеќиња, објави штипската телевизија Стар.

Како што изјавил тој, за целиот период од смртта на неговиот рано починат син, некој упорно му ги крадел свежо поставените саксиски цвеќиња кои неговата сопруга грижливо ги носела на гробот.

– Не можевме со сопругата да издржиме повеќе. Бевме во полицијата и се жалев, но ми рекоа дека штетата е мала и дека последиците за крадецот ќе бидат мали. Се жалев и во „Исар“, но во сите случаи крадецот беше поитар од чуварите – изјавил ожалостениот родител за Стар.

Токму затоа, тој решил на гробот да инсталира камера и самиот да го фати крадецот. Па, не знаејќи што го чека, крадецот уште следниот ден се појавил на гробот, а како што истакнал родителот, станувало збор за возрасна жена.

Штипјанец инсталирал камера на гробот на синот за да открие кој на болката му додава нова болка

Ожалостен штипјанец на гробот на својот син инсталирал камера за да види кој во претходните 4 години на болката му додава нова болка. Имено, за целиот период од смртта на неговиот рано починат син, некој упорно му ги крадел свежо поставените саксиски цвеќиња кои неговата сопруга грижливо ги носела на гробот на застаната младост…

Tv Star – Televizija Star 发布于 2020年8月24日周一

Back to top button
Close