Вадефул: Палестинците треба да се откажат од Хамас

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул изјави дека се надева оти Хамас во иднина нема да има никаква улога во Појасот Газа.

– Хамас мора да биде разоружан и повеќе да нема политичко влијание. А, Палестинците ќе имаат задача да се откажат од оваа организација, наведе Вадефул.

Според него, Палестинците треба да се дистанцираат од милитантната група и да изнајдат нова форма на соработка.

– Претседателот на САД, Доналд Трамп даде одлучувачки придонес во договорот за Појасот Газа. И Германија сега го повикува да продолжи со своите напори за започнување преговори меѓу Русија и Украина, истакна Вадефул.

Тој додаде дека Германија е подготвена да го поддржи Трамп во таква мировна иницијатива

Back to top button
Close