Др Кузмановски лиценца од комората нема ама има печат до 2028 од фондот за здравство. Не провериле дека лиценцата му истекла

Доктор Игор Кузмановски разрешен од директор на Клиниката за неврологија поради објавено компромитирачко видео на кое се гледа дека меша бела прашкаста материја во домашни услови, а кој својата специјалистичка лиценца за доктор по неврологија не ја обновил откако му истекла на 15 март 2025 година, туку таквото обновување во Лекарската комора го побарал минатата недела, сепак во овој момент има активен специјалистички факсимил од Фондот за здравство валиден до 31.12.2028 година.

Ова „Слободен печат“ го потврди со увид во шифрарникот на лекари специјалисти објавен на страницата на Фондот за здравство каде печатот на Кузмановски е заведен со број 712680. Ваквата ситуација потврдува дека Фондот за здравство има направено пропуст, односно не контролирал навремено дали лиценцата на докторот е обновена. Во ФЗОМ прашавме како се случил пропустот и очекуваме одговор.

Извор: Шифрарник на лекари Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија

Во овој момент како што потврдија за „Слободен печат“ од „Мој Термин“ но и извори од Клиниката за неврологија, Кузмановски има блокиран пристап до „Мој Термин“ и не може да прегледува пациенти во државното здравство. Таквата блокада била спроведена по барање на Министерството за здравство со решение.

Целиот текст на слободен печат мк

 

Back to top button
Close