„Не се договоривме вака, ме скрши на милион делови“, сопругата Маја се прости од Панчо

Сo емотивна порака за Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ се прости и неговата сопруга Маја.

„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил.

Панчо и Маја се венчаа на 2 октомври 2013 година во Скопје. Својата љубов ја запечатија со тетовирање прстени на рацете, заколнувајќи се на вечна верност. Нивниот прв син Андреја тогаш имаше две години, а во 2015 година се роди нивниот втор син, Марјан.

Панчо седум месеци се бореше по огнената стихија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Back to top button
Close