(ВИДЕО) Јакимовски: Толку време се спремате за Карпош, а понудата ви е „зеро“
Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ги коментираше своите противници од ВМРО-ДПМНЕ, кои според него долго време се спремале за кампањата во Карпош, а понудата која ја нудата на граѓаните е „зеро“.
Толку време се подготвуваа за Карпош — а понуда за граѓаните, нула. Дојдоа, прошетаа, држеа пресови, ама не кажаа што ќе направат за вас.
Немаат идеја, па затоа копираат од моите проекти: фасади, лифтови, кровови, возачки дозволи, катни гаражи… Се сликаат на местата што јас сум ги изградил, а ги избегнуваат оние каде што ништо не направиле.
Затоа уште еднаш прашувам: Толку време се спремаш за Карпош, а понудата ти е зеро.
Карпош не се гради со празни зборови — се гради со дела, визија и чесна работа.“