(Фото+Видео) Голем инцидент попладнево во Кочани: Ратко Димитровски во друштво на еден кандидат евакуиран со полициска заштита – Родителите кои ги загубија децата прашуваат дали учи како да биде криминалец

Голем инцидент се случи попладнево во Кочани на Маршот за ангелите откако родителите кои ги загубија своите најмили во пожарот во дискотеката Пулс го пресретнаа обвинетиот за пожарот во Пулс, поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, затекнат во кафеана во друштво на актуелен кандидат за градоначалник на Кочани од една партија.
Родителите кои ги загубија децата во пожарот директно се конфронтираа со присутните.
Еден од родителите го запраша кандидатот дали учи школа од екс-градоначалникот како да биде криминалец. Друг родител му посочи на Димитровски дека е директно одговорен за смртта на неговото дете.
Трет родител пак посочи дека ако во оваа држава нема правда за неговото дете тој лично ќе им пресуди на сите одговорни за трагедијата.
Полицијата мораше да интервенира и да ги евакуира присутните.