Арсовска со жестока реакција по средбата Ѓорѓиевски – Меџити – Бакиу: „Нека ви се честито дивоградбите!“

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска остро реагираше на социјалните мрежи по објавата на кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој соопшти дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.

Во својата објава на Фејсбук, Арсовска со фотографија од средбата напиша: „Нека ви се честито дивоградбите.“

„Ликов многу сака да прави нарачки против мене, а не му е јасно дека, да организира многу напади врз мене некој што нема намера да работи чесно, не е баш паметно.

За ѓубрето низ Скопје нека се обрати кај претседателката на Управен Одбор на Комунална Хигиена, Јулијана Спировска од ВМРО која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и истата го УПРАВУВА ѓубрето и КХС веќе 4 години.

Сега ќе го исчистеле за 72 часа. Нормално дечко дека ќе го исчистите, затоа што од инат го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ.

ВМРО/ВЛЕН се власт во град Скопје 4 години

ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа

ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН 4 години го управуваат ЈСП

ВМРО/ВЛЕН 4 години ги управуваат СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.

Убаво сте излезени на сликава важно!“, напиша Арсовска

Back to top button
Close