Филипче: Кадровски промени во раководството на СДСМ по вториот круг од локалните избори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини.

-За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што очигледно е дека потребно посебно во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат да продолжиме со интензивна работа. Во тој контекст најавувам политички-кадровски промени во раководството после изборите за што ќе бидете известени, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Филипче кажа и дека се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции и оти поради тоа работеле во тешки околности.

Лидерот на СДСМ  Венко Филипче, денес од Аеродром упати повик до граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината.

„Ги повикувам сите граѓани на Аеродром да излезат во уште поголем број отколку во првиот круг и да го дадат својот глас за Александар Трајановски“, изјави Филипче, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ ја има поддршката од граѓаните, но и потребниот капацитет и искуство.

▫️Според него, Трајановски се издвојува како сериозен кандидат кој веќе на терен покажал дека знае како да ја води општината и понудил реални решенија за нивните проблеми.

„Покажа со своето однесување, со својата работа на терен и со контактите со луѓето дека има капацитет да ја води општината. Во секој аспект и од секој агол, тој е неколкукратно подобар од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Филипче.

▫️Тој посочи дека актуелниот градоначалник не понудил отчет за тоа зошто не е реализирана ниту петтина од предизборната програма, што, како што рече, е сигнал дека Аеродром може и мора подобро.

„Човекот нема одговор на тоа зошто не е исполнето ниту 20% од неговата програма. Сметам дека Аеродром заслужува многу повеќе од тоа“, додаде Филипче, упатувајќи апел до жителите да направат промена.

Back to top button
Close