(Видео) Јакимовски за Мицкоски: Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно!

Реакција на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски по вчерашниот настап на премиерот Христијан Мицкоски:
„Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!. Христијан Мицкоски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпошненајавен, исплашен и во паника. Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по телефон, кога лично ми ја даде поддршката. Ме молеше. Ако треба и на колена ќе клекнам, само да ја имам вашата поддршка – тоа беа неговите зборови. Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари“ – вели Стевчо Јакимовски.
„Мицкоски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда! Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката „Мајски цвет“. Иронијата е што пресудата ја донесе судијка што ВМРО-ДПМНЕ потоа ја унапреди во претседател на суд!„Четири пати дојде во мојата општина без ниедна конкретна понуда за граѓаните, освен што се занимаваше со мене. Тоа е крик на очајник и губитник“ – порачува актуелниот градоначалник на Карпош кој во вториот круг од изборите во недела за противкандидат на гласачкото ливче ќе го има Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во видеото објавено на социјалните мрежи Јакимовски ги демонтира, како што вели тој, лагите, кои Мицкоски ги кажа за време на митинг.
Погледнете го видеото во продолжение:






