Усогласеноста на Србија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ 63 проценти, изјави српскиот министер за евроинтеграции

Српскиот министер за европски интеграции, Немања Старовиќ, денеска изјави дека во однос на усогласувањето со надворешната политика на Европската унија, Србија е подготвена за понатамошно усогласување со визната политика, но дека не вовела санкции кон Русија бидејќи смета дека санкциите не се ефикасна мерка. Тој нагласи дек го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина.

На состанокот на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација на ЕУ – Србија, Старовиќ изјави дека во моментов усогласеноста на Србија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ е 63 проценти, што е за 12 проценти повеќе од лани.

Тој рече дека Србија очекува извештајот за напредокот на европскиот пат да биде добар водич за тоа што мора да направи Србија, но дека е свесен дека напредокот ќе зависи од исполнувањето на делот поврзан со владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина.

Back to top button
Close