(ВИДЕО) Јакимовски: Сотир, што правиш – со попустите што ги нудиш во „Систина“ правиш предизборен поткуп!

Актуелниот градоначалникот на општина Карпош и кандидат за нов мандат – Стевчо Јакимовски со видео порака до неговиот противкандидат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со ветувањата на Лукровски за бесплатни прегледи во приватната болница „Систина“:

„Втор ден по ред ja рекламираш приватната болница „Систина“. Толку ли сте во паника? Тоа, прво не е коректно кон јавното здравство, второ, кон останатите приватни клиники и трето, со попустите што ги нудиш во моментов правиш предизборен поткуп, а за тоа веднаш треба да се позанимава Обвинителството“ – рече Јакимовски.

Back to top button
Close