Мемов од ЗНАМ за ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте
Портпаролот на партијата ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, на Фејсбук упати критика кон коалицијата Вреди, обвинувајќи дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале кандидатот Орце Ѓорѓиевски.

„Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!“ – напиша Мемов.






