Призма- Владеење на правото: Робусни чекори во место

Нема напредок.
Со eдна реченица, Европската Унија годинава, во најновиот извештај го „закопа“ напредокот на земјава за реформите во правосудството.
Лани имавме ограничен напредок. Годинава ни толку.
Комисијата, не само што не гледа прогрес, туку предупредува дека владата и парламентот се мешаат и вршат притисок врз правосудството.„Повторените изјави од високи политичари претставуваат прекумерно влијание и заплашување и ја поткопуваат независноста на судството“, пишува во извештајот.
Во документот никој не е спомнат со име и презиме.
Но, еден од оние што е најгласен во коментарите за правосудството е премиерот Христијан Мицкоски. Една од таквите последни изјави беше за пресудата за случајот „Онкологија.“ Мицкоски кажа дека чувствувал мачнина, затоа што „со вакви одлуки, судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни сегашните плати, а не, пак, да бидат повисоки.“
Премиерот, како и секој граѓанин, може да има впечаток дали одредена одлука е праведна. Но, правдата е чувство, а правото е систем од норми. Оттука, не е негово да кажува дека не е задоволен од некоја санкција што ја изрекол судот, затоа што многу одлуки се законити, но дали се праведни е лично чувство.
Настрана од тоа, реформите во правосудството не се мерат според емотивните реакции на премиерот, туку по судници, каде што власта ќе обезбеди елементарни услови за правораздавање.
Целиот коментар на Васко Маглешов на призма мк







