ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија

По критиките на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лошите забелешки во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, од ВМРО-ДПМНЕ му возвратија обвинувајќи го дека продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија и дека ја понижува сопствената држава. Покрај него, го обвинија и екслидерот на СДСМ, Зоран Заев, за прифаќање на, како што велат, штетниот договор поради кој земјава е предмет на уцена.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје / Фото: Архива

Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ се додава дека извештајот на ЕК како многупати во минатото и во други земји се користи како дел од политичките условувања и притисоци, а вакви и слични, како што велат од владејачката партија, „извештајчиња“ ќе има сè додека не се најде решение со Бугарија.

„Но и покрај тој негов аспект, сметаме дека извештајот е одличен и нè охрабрува да продолжиме на патот на реформите и го гледаме како патоказ на кој треба да се фокусираме во иднина. Истовремено очекуваме овие теми да се разговараат во иднина, а и Филипче како притиснат на дугме да продолжи да крева паники, зашто човекот е заложник. Впрочем, токму заради ова тој пред кампањата ја отвори оваа тема“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Извештајот на ЕК за земјава е реален, но и дека многу работи кои се заостанати се резултат на наследените проблеми. Во однос на реформите. од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе работат посветено за да се преземат потребните чекори за просперитет и добробит на граѓаните и државата.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, претходно денеска рече дека Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во 2025 година е практично најлошиот во изминатите десетина години. Филипче обвини дека Извештајот потврдува дека државата е во застој, реформите се блокираат, а институциите парализирани.

Back to top button
Close