Македонците ќе можат да добијат словенечка возачка дозвола без повторно полагање

Пратеничката во словенечкиот парламент со македонско потекло, Сандра Газинковски, поднесе предлог за измена на Законот за возачи, со кој ќе им се овозможи на граѓаните од Македонија и неколку земји од регионот да ја заменат својата возачка дозвола со словенечка без повторно полагање на практичниот дел од испитот.
Замена ќе биде можно во рок од една година по пријавување на живеалиштето во Словенија, а пред тоа возачите ќе треба да достават потврда за ментална и физичка способност, со што ќе се задржат безбедносните стандарди.
– Advertisements –
Газинковски го презентираше предлог-законот на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање, истакнувајќи дека измените ќе донесат корист и за граѓаните и за администрацијата.
„Ова е мал, но важен чекор кон поправедна, разумна и отворена земја која им верува на луѓето што веќе имаат знаење и одговорност да возат“, рече Газинковски.
Законот има за цел да ја олесни административната постапка, да ја забрза интеграцијата на работниците и да ги намали бирократските пречки, без финансиски последици за буџетот.
„Ова е мал, но важен чекор кон поотворено и поинклузивно општество“, изјави Газинковски.






