( ХИТ Видео) Мицкоски со дронски фотографии од собирот за чистење, Сите вмровски скопски градоначалници на вечерашниот „спектакал“ Скопје е на нозе

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва објави дека започнува големата акција за чистење на Скопје, придружувајќи ја објавата со дронски фотографии на кои се гледаат десетици камиони, машини и работници собрани пред СЦ „Борис Трајковски“.

„Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!“, напиша Мицкоски во објавата.

На вечерашниов „спектакал“ во режија на новиот градоначалник на Скопје дојдоа сите градоначалници од скопските општини кои се од ВМРО ДПМНЕ а „настанот“ го следат многу меиуми и новинари. На социјалните мрежи има пренос во живо и коментри меѓу кои има и браво но и многу за потсмев дека во 21 век се радување на чистењето на ѓубрето со кое „некој“ последниве два месеца предзборно го преплави градот.

Акцијата, која започнува во 20:30 часот, има за цел во рок од 72 часа да се исчисти целиот град, како што претходно беше ветено од Ѓорѓиевски. На терен се наоѓаат десетици камиони и стотина работници, кои ќе работат низ сите општини во Скопје.

Видео од акцијата објави и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски..

 

Back to top button
Close